Телеграф – Лондон
„Сите жртви во Втората светска војна не беа само од еврејско потекло, но сите Евреи беа жртви” – цитат од Елија Виесел.
Неверојатно е колку малку знаеме за нашето неодамнешно минато, историјата со време се претвори во победничка пропаганда, а историските учебници ги исклучија сите факти кои „победниците” би можеле да ги стават во незгодна ситуација. Еден од тие факти е речиси 100.000 еврејски војници во војската на Хитлер, а трагедијата станува поголема кога дознаваме дека 20 Евреи биле наградени со најголемо нацистичко воено одликување.
Прочитајте ја големата историска студија на Анатолиј Фоменко и ќе ви стане јасно дека историјата е се освен собир на фактичките состојби, како и дека таа иста „мајка на сите науки” треба повторно да се изучува и да се напише ако сакаме нешто да научиме од нашето минато. Вака остануваме загубени во низа несреќни интерпретации, лаги и измами со кои се сретнуваме од колевка па до гроб.
Втората светска војна однесе 66 милиони животи, од тоа само во Русија настрадаа околу 28 милиони луѓе. Хитлер сакал да создаде „Lebensraum” за германската раса на владетели на штета на сите раси кои ги сметал помалку вредни или целосно безвредни, како Евреите, Словените, Ромите, црнците и мешанците. Архивите тврдат дека во последната светска кланица на луѓе, убиени биле околу 6 милиони Евреи, таа бројка е исклучително голема, но се уште е многу помала од жртвите во Русија. Па сепак, Втората светска војна постојано се поврзува со холокаустот, наспроти фактот дека голем број Евреи служеле војска во нацистичките редови, додека 20 Евреи добиле најголемо нацистичко воено одликување под името „витешки крст”.
Махатма Ганди рекол дека за закопување на вистината треба многу лопати, верувале или не вистината за еврејските војници во нацистичката војска многу добро се криела од историските книги, а оваа тема се уште е „нон грата” во многу историски научни кругови.
Зошто е тоа така?
Одговорот можеме да го најдеме во митот за тоа дека Евреите биле исклучиво жртви на прогонства и убивање, холокаустот би станал предмет на ревизија ако би се знаело дека Адолф Хитлер германизирал многу високи офицери во својата војска иако биле со еврејско потекло. Би било многу тешко да се објасни дека Евреите убивале припадници на сопствениот народ и тоа со благослов на Хитлер и неговата партија.
Професор Брајан Марк Риг, докторатот од воената историја го добил на Кембриџ, а своите истражувања ги направил во рамки на Јужниот методистички универзитет во Далас и тоа со детално истражување на многу историски архиви, како Федералниот германски архив или Бундесархивот во Фрибург, воениот архив во Вирџинија и многу воени книги во Америка и Европа.
Врз основа на неговото истражување тој објавил книга под името „Hitler’s Jewish Soldiers” или „Еврејските војници на Хитлер”, поради која добил престижна книжевна награда Colby за 2013 година. Оваа прва таква награда е дадена за книга темелена на истражување од воената историја.
Интересно е дека неговите откритија ги користеле и истражувачи на холокаустот и противниците на оваа идеја, а исто така информациите ги користеле и некои ционистички фондации како и тие кои се борат против истото.
Да погледнеме што Риг открил во долгогодишната работа и следењето на генеологијата на над 1200 луѓе.
Во војската на Хитлер за време на Втората светска војна служеле и Евреи и тоа како: Ерхард Милч.
Двајца фелдмаршали (едниот бил Ерхард Милч заменик командант на злогласната Luftwaffe – нацистичка воена авијација. На барање на ариевците да се објасни зошто Евреин е второ највисоко лице во Luftwaffe, Херман Геринг рекол: „Јас одлучувам кој е Евреин, а кој Ариевец”. Хитлер лично го прогласил Милч за Ариевец и го одликувал со витешки крст за успешно извршениот напад на Норвешка во текот на 1940 година).
Еден од испитаниците денес е 82 годишен пензионер кој целата војна ја поминал како војник на Вермахтот, војната ја завршил со чин капетан, а својата еврејска вера непречено ја практикувал за време на служењето во нацистичката војска.
Риг исто така открил дека Евреите биле припадници на злогласната полиција на варшавското гето т.н. „Ordnungdienst” како и дека служеле како чувари во концлогорите во т.н. „капо” одреди.
Командантот на „капо” одредот во концлогорот Саласпилс. Евреите во овој ранг обично ги вршеле најстрашните злосторства за кои нацистите не сакале да си ги валкаат рацете.
Освен Ерхард Милч, високо рангирани нацистички офицери со еврејско потекло биле и: Адмиралот Бернхард Роџе од Хитлер добил документ за расна чистота и ариевска крв, а одликуван бил со витешки крст за храброст од прв ред, а јапонскиот цар му доделил самурајски меч како најголемо царско одликување кое можело да се додели на еден странец.
Генерал Хелмут Вилберг е еден од најодликуваните високи офицери на Luftwaffe, Хитлер го прогласил за Ариевец во 1935 година. Бил одликуван во највисокиот ред на витезите и со крст со мачеви од прв ред, повеќе пати бил одликуван за храброст.
Јоханес Зукерторт
Генерал Јоханес Зукерторт од Хитлер лично добил писмен доказ за чистината на неговата германска и ариевска крв.
Полковникот Валтер Х. Холандер е одликуван со орден на витези и златен крст за храброст, од Хитлер лично добил писмен доказ за чистината на неговата германска ариевска крв.
Капетанот на фрегатата Паул Ашер бил прв офицер на воениот брод Бизмарк. Тој од Хитлер лично добил изјава дека има чиста германска ариевска крв и бил одликуван со витешки крст, крст за храброст од прв и втор ред.
Историчарите кои се занимаваат со оваа тема заклучиле дека овие лица биле „мешанци” наспроти тој обид „за миење на рацете” или подобро објаснето дека не се работело за Евреи, нацистичкиот Нирнбершки закон од 1935 година јасно објаснувал дека според тогашните „мерила” сите такви луѓе ги класифицирал како мешанци кои немаат што да прават во војската на Хитлер.
Интересно е дека Хитлер повеќето свои високи офицери со „нечиста еврејска крв” ги германизирал, поточно ги направил Ариевци со канцелариски декрет.
Всушност мешанци во војската на Хитлер имало над 100.000, еден од најголемите показатели за нацистичкото лицемерие бил примерот на војникот Вернер Голдберг кој со својот „ариевски” изглед ги привлекувал младите Германци за регрути во војската, имено Голдберг пола Евреин користел како модел за плакати за регрути и секако за покажување како треба да изгледаат сите регрути со ариевска става.
Пола Евреинот Хорст Геитнер бил војник одликуван со железен крст за храброст и сребрен орден за ранување.
Командантот Антон Мејер, полу Евреин бил користен како модел како изгледаат мешанците, но без оглед на таквиот третман, тој служел во германската војска без никаков приговор.
По објавата на историската книга Брајан М. Риг за Ројтерс го изјавил следново:
„Сите не биле нацисти во германските униформи, но исто така ни секој Евреин во нацистичка Германија не бил прогонуван. Каде припаѓале тие луѓе? Не знам, само знам дека служеле во нацистичката војска додека ги изгубиле родителите или роднините во Аушвиц. Нирнбершкиот закон забранувал на мешанците со еврејска крв да служат во било кои германски институции и во воените редови, наспроти тоа успеав да откријам над 400 луѓе кои според сите нацистички закони биле т.н. нелуѓе, но сепак служеле во војската како војници и високи офицери”.
Риг смета дека најмалку 60.000 германски војници во Втората светска војна имале најмалку еден родител Евреин, додека дополнителни 90.000 имале барем еден дедо или баба од истата група. Риг смета дека Вермахтот (регуларната војска на Хитлер) не може да се мери со SS, па сепак тие луѓе не служеле на чест на другите Евреи, поради тоа оваа тема се смета за исклучително непожелна, за тоа многу малку се зборува и се истражува, всушност Риг смета дека се направило се за да се потиснат тие факти во најдлабоките одаи на воените и историските архиви.
Многу војници со еврејско потекло на почетокот на војната побарале отпуст од војската, некои никогаш не го добиле, а некои лично од Хитлер добиле дозвола за служење во војска и со време продолжиле да напредуваат во рангот и важноста.
Риг тврди дека историјата никогаш не е црна и бела, но исто така смета дека германскиот расен закон за мешанците е показател на крајно лицемерие и морален банкрот кое нацистите воопшто не ги загрижувало како ниту мешанците кои од истото профитирале.
Риг својата книга ја завршува со следните зборови:
„Многу Евреи во германската војска никогаш не чувствувале вина бидејќи биле војници на Хитлер, тие единствено се каат што ништо не направиле за да ги спасат своите роднини”.
Искрено се надеваме дека овој текст ќе ве натера на истражување, а ние истиот ќе го завршиме со цитатот на рабинот Марвин Хиера кој го рекол следново:
„Ако имало Евреи во војската на Хитлер кои му служеле знаејќи што се случува во Германија и ако тоа го правеле за да си го спасат животот, тогаш е крајно неприфатливо и нечесно”.