Евакуирана редакцијата на „Соар“ поради бомбашка закана

Од:

Редакцијата на белгискиот дневен весник Соар, беше евакуирана денеска по телефонски закани на човек кој се претставил како претставник на крајната левица.

Човекот навел дека протестира против начините на известување за нападот врз Шарли ебдо.

Ден по нападот во францускиот сатиричен весник, Соар објави карикатури на Мохамед, потег кој според анонимниот глас го поддржува крајната десница.

– Ќе има експлозија во вашата редакција. Разберете не сериозно, се заканил тој.

Полицијата ги евакуираше сите од редакцијата и го опколи реонот. По нападот врз Шарли ебдо, и други белгиски весници објавија карикатури на сатиричниот неделник на кои е нацртан пророкот Мухамед.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети