Евакуиран авион на „Ер Франс“

Од:

Околу 300 патници беа евакуирани доцна синоќа од авион на француската компанија „Ер Франс“, што требаше да полета од парискиот аеродром Роаси кон Шангај, откако во леталото се појавил густ чад и мирис на сулфур.


Според пишувањето на интернет изданието на „Монд“, авионот се наоѓал на пистата кога се појавил чадот, по што сите 298 патници го напуштиле авионот со тобогани. Двајца од патниците беа полесно повредени.


Властите започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот. Според некои извори, се работи за неисправност на турбината или електричен проблем на еден помошен мотор, кој го снабдува авионот со електрична енергија додека авионот е на пистата.


Патниците полетаа за Шангај изутринава со друг авион.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина