Евакуација на половина милион луѓе, поради тајфунот Халонг

Од:

Јапонските власти вчера наредија евакуација на околу половина милион луѓе, кои живеат во близина на надојдените реки, поради тајфунот Халонг.

Поради невремето се откажани и стотина летови, а загрозен е и копнениот сообраќај. Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можност од поплави во префектурата Мија и нареди евакуација во два града, поради страв од излевање на реките.

Тајфунот го карактеризираат ветрови со брзина до 180 километри на час, а тој вчера попладне се приближи до островот Шикоку. Агенцијата предупреди дека обилни дождови во недела ќе го зафатат и Токио, главниот град на Јапонија, иако претходно се очекуваше дека невремето ќе се движи во друга насока.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе