Eвакуација на населението во Тајван поради тајфун

Од:

Властите на Тајван евакуираа над 2.000 туристи во исчекување на супер-тајфунот „Сулик“, со предупредување дека ветерот ќе биде многу силен, а врнежите обилни.

Утрово супер-тајфун, со ветрови со брзина од 227 километри на час, беше 970 километри оддалечен од најјужната точка на Тајван, соопшти тамошната Метеоролошка служба.

Хонгкошката метеоролошка опсерваторија „Сулик“ го класифицираше како „супер тајфун“, додека тајванската Метеоролошка служба го нарече „силен тајфун“.

„Сулик“ се движи северозападно кон Тајван, а до територијата на земјата би можел да стигне ноќта меѓу петокот и саботата, соопштија надлежните служби.

Властите на Тајван евакуираа 2.300 туристи од островот Грин ајленд, што се наоѓа во близина на градот Тајтунг на југоистокот на земјата, а исто така издадоа предупредување на бродовите кои пловат до северниот и источниот бег на Тајван.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски