Чилеанските и аргентинските власти прогласија највисок црвен степен на тревога поради опасноста од ерупција на вулканот Копахуе на својата меѓусебна граница, притоа наредувајќи спроведување на евакуација на вкупно околу 3000 жители кои живеат во неговата околина.
Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.965 метри на Андите, а дел од него се наоѓа на територијата на аргентинската провинција Неукен.
Чилеанскиот министер за внатрешни работи Андреас Чадвик Пинера изјави дека засилената сеизмичка активност може да биде претходник на ерупција.