Евакуација на Флорида поради тропската бура Ета

Од:

Американската држава Флорида ги затвори плажите, местата за тестирање на коронавирус, јавниот превоз и нареди евакуација на голем број луѓе, бидејќи се засилува тропската бура Ета, носејќи силен дожд на веќе поплавените улици во градовите.

Како што пренесуваат американските медиуми, на Флорида има смртни случаи како резултат на бурата Ета, а повеќе од 100 лица се водат како исчезнати во Мексико и Централна Америка.

Иако невремето може да не се претвори во ураган, сепак, бавната брзина со која се движи и силниот дожд донесоа огромна закана за Јужна Флорида, каде минатиот месец наврнаа повеќе од 35 сантиметри дожд, а се проценува дека наскоро може да паднат уште 30.

– Во некои области земјата не ја апсорбираше водата доволно брзо, а дождот паѓа се повеќе, рече Хозе Пепе Дијаз, секретар на округот Мајами Дејд.

Градоначалникот Карлос Хименез рече дека е во контакт со противпоплавените служби, кои се обидуваат да ја испумпаат водата од поплавените подрачја и да извлечат заглавени возила.

Досега Ета имаше просечна брзина на ветерот од 100 километри на час.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски