Еуроконтрол чека покана од украинските власти заради истрага за падот на авионот, но теренот го контролираат проруските бунтовници

Од:

Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација (Еуроконтрол) чека повик од властите во Украина со цел да учествува во истрагата за вчерашниот падот на авионот „Малезија Ерлајнс” во областа Доџецк во Источна Украина, во кој животот го загубија 280 патници и 15 членови на екипажот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, високи извори на Европската унија што инсистираат на анонимност, утринава брифираа дека Еуроконтрол е подготвен да учествува во истрагата со цел да се утврди причината за падот на авионот, посебно што речиси половина од загинатите патници се државјани на ЕУ.

Сепак, она што останува нејасно е како сегашните власти во Украина би ги поканиле европските воздупловни стручњаци да вршат истрага кога и самите немаат контрола на теренот каде падна авионот. Засега, тој терен, со се црните кутии што може да го дадат клучниот доказ како дојде до падот на воздухопловот на “Малезија Ерлајнс” – всушност се под контрола и во посед на проруските бунтивници во овој крај. За таа цел, се очекува исходот од попладневниот вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, чии заклучоци и насоки може да ги дадат насоките за вклучување и на меѓународни воздухопловни органи во истрагата.

Исто така, денеска, од официјален Брисел потврдија дека има делумна забрана за прелети на воздухоплови над источниот дел на Украина. Таа се однесува на прелети под 10.000 метри. Оние авиони што имаат можност, сепак, се препорачува да го избегнат делот за прелет над Источна Украина. За ставање на целосна забрана за прелет над овој дел на територијата на поранешната советска република, потребна е заедничка одлука на земјите-членки на ЕУ. Тоа, пак, ќе биде разговарано на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК) во вторник во Брисел меѓу шефовите на дипломатиите на 28-те ЕУ-земји

Инаку, единствен официјален став од официјален Брисел се вчерашното заедничко соопштение на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Барозо, односно она на генералнито секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Сите тројца изразија шокираност од несреќата и жалење за загубените животи, барајќи итна и темелна истрага со цел да се утврдат причините што донесоа да згаснат речиси 300 животи над украинското небо.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите