ЕУ загрижена за човековите права во Русија

Од:

Европската унија изрази загриженост поради состојбата на човековите права во Русија, соопштено е денеска во Брисел по состанокот меѓу високи претставници на Унијата и на Русија по ова прашање.

Претставниците на ЕУ на состанокот, кој се одржа зад затворени врати, на гостите од Москва им упатиле голем број забелешки за моменталната положба на руските невладини организации, кои од неодамна мораат јавно да се декларираат како „странски агенти“ доколку добиваат финансиска помош од странство, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Покрај тоа, ЕУ упатила критики и за новиот закон за забрана на „хомосексуалната пропаганда“, кој е веќе усвоен во некои региони, а наскоро треба да стапи во сила и на цела територија на Русија.

Руските претставници од своја страна изразиле загриженост поради зголемената ксенофобија и дискриминација на државјаните од земјите кои не се членки на ЕУ, меѓукои и Русите.

Следниот состанок по прашањето за човекови права е договорено да се одржи на есен.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи