ЕУ воведе нови санкции за Иран поради поддршката за Русија и Сирија

Од:

Европската унија денеска објави дека вовела нови санкции против Иран поради неговата воена поддршка за Русија и Сирија.

ЕУ воспостави „нова рамка за рестриктивни мерки“ со која се забранува извоз во Иран на компоненти кои се користат за изградба и производство на беспилотни летала, се вели во соопштението на Европската унија, пренесува Ројтерс.

Се додава дека Советот на Европската унија одлучи да вклучи шест ирански лица во списокот на санкционирани лица во рамките на двата постоечки режими на санкции поврзани со воената поддршка на Иран за руската агресивна војна против Украина (во форма на беспилотни летала) и сирискиот режим (во форма на противвоздушни системи).

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат