ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

Од:

Европската унија ќе воведе контра-царини на стоки од САД во вредност од 26 милијарди евра или 28 милијарди долари, почнувајќи од април, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, објави денеска Европската Комисија.

Комисијата соопшти дека од 1 април ќе ја укине сегашната суспензија на царините за американските производи и дека до средината на април ќе биде претставен нов пакет контрамерки против американските стоки, објави Ројтерс.

„Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1-ви април, а целосно ќе бидат во сила од 13-ти април. Подготвени сме да се вклучиме во дијалог. Го задолжив комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи преговорите и да истражува подобри решенија со САД“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Путин: Планот на САД, во принцип, може да послужи како основа за конечно мирно решавање

„Телеграф“: Западот притиска за мир, фронтот пука, корупцијата цвета – Украина е под тројна опсада

Колку пари потроши Западот за војната во Украина?

САД: Ревидираниот план треба повторно да им се претстави на Русите

Горан Наумовски

Орбан: Без САД, Европа запаѓа во воен ќорсокак

Трамп: Противниците на царините им служат на странски интереси