ЕУ со поддршка за Даблин за отвореноста на границата меѓу Северна и Република Ирска

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека ЕУ целосно ја поддржува владата во Даблин, за тоа дека со Брегзит не смее да се затвори границата меѓу Северна и Република Ирска, пренесуваат ирските медиуми детали од средбата на Јункер со премиерот Енда Кени.

Строгата гранична контрола и бариерите на оваа граница, беа тргнати со догворот од Велики петок од април 1998 година.

Но со завршувањето на процесот за раздружување меѓу ЕУ и Британија, кога земјата ќе биде целосно надвор од Унијата, границата на Ирска со Северна Ирска, ќе биде надворешна граница на Европската Унија.

– Не смее да се дозволи договорот од Велики петок да се доведе во ризик, со британскиот Брегзит, изјави Жан Клод Јункер.

Според медиумите во Даблин, претседателот на Европската комисија, на средбата, инсистирал дека границата меѓу двата дела на ирскиот остров треба да остане отворена, колку што е тоа можно.

На разговорот на Јункер со ирскиот премиер Енда Кени, присуствувал и Мишел Барние, ветеран на европските интеграции, кој од Брисел е определен да ја предводи делегацијата на ЕУ на преговорите за Брегзит со Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ