ЕУ сака да купи дополнителни 180 милиони дози од вакцините на „Модерна“ и „Бионтек“/„Фајзер“

Од:

Брисел, 15 декември 2020 (МИА) – Европската комисија (ЕК) има намера да обезбеди дополнителни 180 милиони дози вакцини за ЕУ ​​од американската компанија „Модерна“ и конзорциумот „БиоНТек“ и „Фајзер“, јави германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на дипломатски кругови во Унијата.

Според весникот, ЕК сака да купи уште 80 милиони дози вакцини од „Модерна“ и 100 милиони од „БиоНТех“ / „Фајзер“.

Претходно, Европската комисија нарача 80 милиони дози вакцини од „Модерна“ за земјите од ЕУ по цена од 21 евро за доза и 200 милиони дози од вакцината (по цена од 15,50 евра за доза) развиена од „БиоНТек / „Фајзер“.

Според „Шпигел“, вкупната вредност на пакетот вакцини ќе чини околу 3,2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон