ЕУ: Русија мора да го расветли случајот Навални

Од:

Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано повтори денеска дека Унијата очекува јасни одговори за обидот за убиство врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописничката на МИА од Брисел.

Запрашан дали институциите и земјите на ЕУ имаат доверба во руските власти за оваа истрага, Стано изјави дека не сака да прејудицира и дека кога ќе дојде време ЕУ ќе ги анализира и резултатите од истрагата и процесот, иако, додаде тој, свесни се сите дека до сега Русија нема многу убедливи резултати во однос на претходни истраги за убиства, наведувајќи ги примерите на Ана Политковскаја, Сергеј Магницки и Борис Немцов.

Според Стано, изјавите од Русија дека нема намера да отвора истрага за обидот за труење на Навални не се веќе актуелни.

-Најновите изјави од руските власти укажуваат на соработка околу медицинските наоди за Навални, гледаме вербални сигнали на подготвеност за соработка, ќе видиме како ќе се развива тоа и што ќе направи Русија во однос на последните наоди, без разлика на претходните изјави, рече Стано.

Европската Унија смета дека барањата на меѓународната како и на руската јавност за расветлување на овој случај не смеат да се игнорираат.

-Не е нормално лице да биде предмет на обид за убиство со воен хемиски агенс кој не би смеел да циркулира во нашите општества, порача портпаролот на ЕУ за надворешни работи.

Што се однесува до можни санкции, ЕУ од блиску ќе го прати процесот на истрага, доколку се отвори, до тогаш е премногу рано да се зборува за казнени мерки, додека не се знае кои се одговорните лица, рече Стано.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот