Речиси половина од населението на Авганистан, 18 милиони, има итна потреба од хуманитарна помош. Околу четири милиони станаа внатрешни бегалци, истакна Томас Тобе, претседател на Комисијата за развој при Европарламентот. Тој ја даде изјавата за време на итната заедничка расправа со Комисијата за надворешни работи.
– Како резултат на сушата, пандемијата на Ковид-19 и борбите во Авганистан, речиси половина од населението во земјата – 18 милиони луѓе – има потреба од итна хуманитарна помош, а речиси четири милиони станаа внатрешни имигранти, рече тој.