ЕУ повикува на воздржаност од сите страни во Хонгконг

Од:

Европската унија ги повикува „сите страни“ да се воздржат во услови на растечки тензии и немири во Хонгконг.

– Со оглед на постојаните немири и зголемувањето на насилните инциденти во Хонгконг, клучно е сите страни да покажат воздржаност, да отфрлат секаков вид насилство и да преземат итни чекори за деескалација на ситуација, изјави портпарол на ЕУ.

– Сега е поважно од кога и да било да се иницира политички процес на широк и инклузивен дијалог, во кој ќе учествуваат сите клучни засегнати страни, порача претставникот на Унијата.

Во меѓувреме, полициски интервентни сили упаднаа на аеродромот во Хонгконг и по кус судир со демонтрантите, се повлекоа и го напуштија аеродромот. Претходно, најмалку пет полициски комбиња дојдоа до аеродромот, но демонстрантите не дозволија да влезат во аеродромската зграда.

Демонстрантите кои неколку дена го окупираат аеродромот во Хонгонкг, поради што од вчера откажани се сите летови од него. Голем број меѓународни патници се заглавени на аеродромот поради протестите.

Официјален Пекинг соопшти дека војската и единици на разузнавачките служби почнале голема воена вежба, која не е поврзана со протестите, а се одржува во Шенжен, оддалечен 25 километри од Хонг Конг.

Претходно официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина „Пипл дејли“ објави дека Народната вооружена полиција во Шенжен е подготвена да спречи „немири, вознемирување, големо насилство и злосторство и прашања на социјално обезбедување поврзано со тероризмот“.

Додека кинеското издание на „Глобал тајмс“ утрово објави дека „доколку демонстрантите во Хонгконг не можат да го прочитаат сигналот за вооружената полиција која е во Шенжен, тогаш тие бараат самоуништување“.

Поранешната британска колонија Хонгконг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестните митинзи во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието