ЕУ постигна договор за вакцина против Ковид-19 со АстраЗенека

Од:

Европската унија соопшти денеска дека се согласиле да купат најмалку 300 милиони дози потенцијална вакцина против новиот коронавируис од АстраЗенека (AstraZeneca).

Тоа е прва таква европска набавка на вакцини што е договорена однапред, што може да ги поткопа плановите на Светската здравствена организација (СЗО) за глобален пристап.

Европската комисија, која преговара во име на сите 27 членки на Унијата, соопшти дека договорот вклучува можност да се купат уште 100 милиони дополнителни дози од таа британска компанија, доколку нивната вакцина се покаже безбедна и ефикасна. Договореното денеска следи по постигнатиот договор во принцип со АстраЗенека во јуни.

Комисијата објави дека целта на нејзиниот нов договор е финансирање на дел од трошоците за производство на вакцината. Брисел, исто така, наведе дека во последните две недели преговарале со Џонсон/Џонсон и Санофи, а во јули соопшти дека е во преговори со Фајзер, Модерна и КјурВаком.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид