ЕУ постигна договор за намалување на емисиите на јаглероден диоксид од автомобилите до 2030 година

Од:

Емисиите на јаглероден диоксид од новите автомобили во ЕУ треба да се намалат за 37,5 проценти до 2030 година, се договорија преговарачите во ЕУ, соопштија австриските претставници. До согласноста дошло по напнати преговори меѓу Европскиот парламент и земјите членки, јави ДПА.

Лимитот е компромис меѓу 35-те проценти намалување на емисиите штетни гасови, предложени од владите на земјите од ЕУ, и 40-те проценти намалување, предложени од европските пратеници.

Целта за 2030 година ќе се применува за возниот парк на автомобилските произведувачи како целина, што значи дека „моделите со висока емисија штетни гасови“ ќе треба да бидат компензирани со продажба на модели со ниска или нулта емисија на јаглероден диоксид.

Целите за емисиите на автомобилите се дел од напорите за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и ограничување на глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски