ЕУ подготвува „амбициозен“ план за борба против тероризмот

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска одржуват стедба во Рига, посветана на финализирањето на „конкретниот и амбициозен“ план за борба против пропагандата на радикалните исламисти и на начините за спречување нови напади во Европа.

– Итно е, изјави белгискиот министер за внатрешни работи Јан Жамбон по пристигнувањето на средбата.

Министрите разгледуваат конкретни мерки, како што се системска проверка на граѓаните на ЕУ при влез и излез од Шенген зоната, создавање европски регистар, кој ќе вклучува податоци за патниците во воздушен транспорт, обезбедување технологија за набљудување на контактите на социјалните мрежи и дешифрирање на некои пораки, со цел да се направат напори за надминување на факторите кои водат до радикализирање на муслиманите во Европа, да се спречи нивно заминување во конфликтните зони и да се следат по нивното враќање во Европа.

– ЕУ треба да преземе заеднички напори и земјите-членки повеќе да не дејствуваат одделно како досега. Очекувам да бидат усвоени конкретни и амбициозни предлози на средбата на лидерите на држави и влади на 12 февруари во Брисел, нагласи координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, Жил де Керхов.

Над 3.000 радикални Европејци им се приклучиле на терористички исламистички движења во Сирија и Ирак, а околу 30 отсто од нив се вратиле во Европа, покажуваат податоците на земјите-членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне