Комитетот на постојани претставници на ЕУ (КОРЕПЕР) одобри дополнителни санкции за официјални лица и агенции во Русија и Белорусија поради војната против Украина.
„Украина. КОРЕПЕР одобри нови санкции за руските лидери и олигарси и членовите на нивните семејства во врска со руската агресија врз Украина. КОРЕПЕР II, исто така, одобри санкции кои ги комплетираат и ги надополнуваат нашите мерки кои веќе се преземени. Особено, овие мерките се насочени кон отстранување на три белоруски банки од системот СВИФТ. Тие, исто така, ги разјаснуваат прашањата за криптовалутите и ја комплетираат листата на технологии и стоки што не се предмет на извоз. Санкции се одобрени и против поморскиот сектор, соопшти француското претседателство со Советот на Европската унија.
Како што е наведено, овие санкции ќе бидат формално одобрени од Советот на ЕУ во писмена форма, а потоа ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.
– Дополнително ја заоструваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина. Списокот е дополнет со 160 лица, олигарси, членови на Советот на Руската Федерација; белоруски банкарски сектор; извоз на технологија за поморска навигација во Русија, крипто-валути, го коментираше претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен новиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина.
Извор: МИА