Европската унија усвои нов пакет помош во износ од речиси 300 милиони евра за поддршка на бегалците во Јордан и Либан, со посредство на Регионалниот фонд на ЕУ.
Согласно донесената одлука, 45 милиони евра ќе се обезбедат за економски раст и регионален развој на Либан.
Освен тоа, за сириските бегалци и локалното население во таа земја ќе бидат издвоени 48 милиони евра за развој на инфраструктурни услуги, како што се вода и канализација, а 70 милиони евра за поголем пристап до здравствените услуги.
Исто така, 59 милиони евра ќе се потрошат за давање поддршка на барателите на азил во Јордан и подобрување на целосниот систем на социјална безбедност во таа земја.
Азилантските кампови во Јордан ќе добијат 39 милиони евра за изградба на систем за отпад и подобрување на здравствените и еколошките услови.
Палестинците, кои пред граѓанската војна се засолниле во Сирија, а потоа морале да емигрираат во Јордан и Либан, ќе добијат финансиска поддршка во износ од 36 милиони евра.