Граѓаните на Молдавија од утре ќе можат да влезат на територијата на земјите од Шенген зоната без визи, соопшти кабинетот на еврокомесарот за внатрешни работи, Сесилија Малмстром.
– Мошне сум задоволна што безвизниот режим за влез во ЕУ за кус престој во Шенген зоната стана реалност за граѓаните на Молдавија, кои имаат биометриски пасоши, изјави Малмстром.
Таа наглси дека тоа ќе приднесе за зајакнување на деловните, социјалните и културните врски меѓу Молдавија и ЕУ.