ЕУ, НАТО, САД и ОН го осудија убиството на францускиот заложник во Алжир

Од:

Советот за безбедност на ОН, НАТО и Европската унија категорично го осудија убиството на францускиот заложник Ерве Гурдел во Алжир од страна на организацијата Џунд ал Халифа, која е поврзана со Исламска држава.

– Членовите на СБ категорично го осудуваат гнасното и подло убиство на францускиот граѓанин Ерве Гурдел од групата Џунд ал Халифа. Убиството повторно ги покажува варварството на оние, кои се поврзани со ИД, се наведува во соопштението усвоено на седницата на СБ за меѓународен тероризам.

Во соопштението на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се наведува дека убиството на Гурдел е варварско и навреда кон сите општипризнати норми и правила.

НАТО убиството на францускиот заложник го нарече варварски терористички чин, за кој не може да има никакво оправдуавање.

Американскиот претседател Барак Обама изрази солидарност на својата земја со Франција. – Ние сме со вас и францускиот народ, додека се соочувате со една ужасна загуба и стоите против тероризмот за заштита на слободата, изјави Обама на седницата на СБ на ОН, обраќајќи се кон францускиот претседател Франсоа Оланд.

Алжирските власти, исто така, го осудија убиството нарекувајќи го одвратно и жално.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ