ЕУ: Најмногу бракови склучени во Литванија, најмалку во Словенија

Од:

Најмногу склучени бракови во Европа се во Литванија, а најмалку во Словенија, говорат податоците на Европската статистичка агенција објавени денеска, на денот кога во голем дел од светот се одбележува Денот на вљубените.

Во ЕУ просечно се склучуваат 4,3 брака на 1.000 жители, а многу поголема е стапката на просечни регистрирања во Литванија (7,5) и Романија (7,3).

Седум бракови на 1.000 жители се евидентирани во Литванија и Кипар, покажуваат податоците на Евростат, кои се однесуваат за 2017 година.

Во Македонија на 1.000 жители се регистрирани 6,6 бракови, во Хрватска 4,9, во Црна Гора 5,3, Србија 5,1, Албанија 7,9 и во Косово девет (податоците за Косово се за 2016 година).

Од друга страна, во ЕУ најмалку бракови, малку повеќе од три на 1.000 жители, се забележани во Словенија, Италија, Луксембург и Португалија.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

ВИДЕО: Авион се заби во станбена зграда во Вилнус, снимен моментот на експлозијата

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија