ЕУ може да донира околу 65 милиони вакцини за сиромашните земји

Од:

Европската унија може да донира на сиромашните земји околу пет проценти од вакцините што ги нарача за своите потреби, јавија некои светски агенции кои имале увид во интерен документ.

Доколку овој план предложен од француската Влада се реализира, постои ризик да се загрози шемата за дистрибуција која за сиромашните земји ја предвиде Светската здравствена организација.

Сепак, овој предлог на француската Влада би можел да се реализира само доколку ЕУ има вишок вакцини, кои досега ги нарачала од компаниите Фајзер/Бионтек, Модерна, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека/Оксфорд, Санофи / ГСК и КјурВак.

Во документот подготвен од кабинетот на палатата Матињон се вели дека „донирањето вакцини на сиромашните земји од фондовите на ЕУ би било, на краток рок, најефикасниот начин да се постигне амбициозен план за вакцината како јавно добро“.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Зајакнување на напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Москва ја предупреди Европа: Испраќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски

Орбан бара Европската унија директно да преговара со Русија

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио