ЕУ ќе расправа за миграцијата и за односите со Русија и со Канада

Од:

Европскиот совет денеска ќе почне седница на која ќе се разговара за прашањето со миграцијата, односите со Русија, Канада и со Велика Британија.

Дневниот ред предвидува попладнево да се разговара за миграцијата. Во документот за средбата се вели дека е регистрирано намалување на бранот бегалци. Истовремено, е наведено дека мигрантите најчесто сега доаѓаат од Африка и главно од Нигерија и Еритреја.

Се предвидува ЕУ да склучи договори со државите од каде потекнуваат мигрантите и преку кои доаѓаат за да бидат запрени и вратени назад.

Се очекува ЕС да повика за зголемен број на мигранти кои ќе бидат вратени во Турција, а кои незаконски влегле во ЕУ преку Грција.

Доцна попладнето ќе се разговара за долгорочните стратешки односи со Русија и за руското влијание во Украина, Сирија и на Балканот, додека утре ќе се разгледува трговскиот договор ЕУ-Канада.

Се очекува и британскиот премиер Тереза Меј да говори за намерите на владата во Лондон за активирање на членот 50 од Договорот за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он