ЕУ ќе обучи од април преку 2.500 војници од Мали

Од:

Инструктори од ЕУ ќе обучат повеќе од 2.500 војници од Мали од 2 април за да обезбеди армијата на Мали да се грижи за безбедноста во државата по заминувањето на француските војници, изјави шефот на Мисијата на ЕУ за обука во Мали (ЕУТМ) генерал Франсоа Лекуантр.

Тој додаде дека Мисијата има задача да и помогне на армијата на Мали да ги „обнови“ своите сили. Мисијата ќе води двомесечна обука за четири баталјони во кои ќе има по околу 700 војници.

– Цел е да се овозможи амријата на Мали да постигне состојба на борбена подготвеност и да се соочи со внатрешните закани и во исто време да придонесе за стабилност на регионот, изјави началникот на ГШ на армијата на Мали генерал Даиру Дембел.

Обуката ќе ја спроведат околу 200 инструктори со помош на 300 војници за заштита и поддршка кои ќе пристигнат во Мали во средината на март од 16 држави членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска