ЕУ ќе ја зголеми хуманитарната помош за Авганистанците на 200 милиони евра

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска вети дека ЕУ ќе ја зголеми својата хуманитарна помош за Авганистанците од 50 на повеќе од 200 милиони евра.

Таа во објава на Твитер порача дека денеска ќе разговара со лидерите на Г7, по што во текот на денот ќе објави за „зголемување на хуманитарната поддршка за Авганистанците, во и околу земјата, од буџетот на ЕУ од сегашните 50 милиони евра на повеќе од 200 милиони евра“.

-Оваа хуманитарна помош ќе го надмине придонесот на земјите-членки за помош на народот во Авганистан, нагласи фон дер Лејен.

Британските медиуми пренесуваат дека портпаролот на ЕУ соопшти дека помошта ќе зависи од почитувањето на човековите и правата на жените. Од тоа ќе се одреди колку пари ќе заминат директно во Авганистан или кон соседните земји.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан