ЕУ ја осуди пресудата за рускиот опозиционер Навални

Од:

Европска Унија силно ја осуди новата пресуда против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални од девет години затвор, оценувајќи ја како политички мотивирана.

Рускиот правосуден систем и понатаму е инструментализиран против Навални… Го повторуваме нашиот повик до руските власти веднаш и безусловно да го ослободат, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Навални (45) вчера беше осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери. Тој беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација, што сега е забранета во Русија и за навреда на судија во претходното судење.

Навални веќе отслужува казна од најмалку две години и осум месеци во затворот Покров, на околу 100 километри источно од Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски