ЕУ ја обновува соработката со Мали во областа на развојот, обезбедувајќи буџет од 250 милиони евра, соопшти Европската комисија.
На средба во Даблин денеска еврокомесарот за развој Андрие Пиебалгс истакна дека причина за одлуката е утврдениот план на малиските власти за обнова на демократијата и стабилноста во нивната земја.
Според него, средствата ќе послужат за постигнување на помирување, спречување судири и помагање на изборниот процес.
Друга цел на доставување на средствата е обезбедување храна и вода, како и обнова на локалната економија.