ЕУ и ОН го поздравија мировниот план за источна Украина

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон го поздрави мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко за источна Украина.

– Напорите на претседателот Порошенко се за пофалба и ги повикуваме сите страни да ја искористат оваа долго барана можност, се наведува во соопштението од кабинетот на Ештон.

Во меѓувреме и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун мировниот план на Порошенко го оцени како охрабрувачки, чија цел е да се воспостави ред во источна Украина.

Порошенко вечерва го претстави мировниот план за источна Украина за време на првата работна посета во Донбас.

Планот содржи 15 точки, кои предвидува „гаранции за безбедноста на сите учесници во преговорите, нивна амнестија, ако го положат оружјето и не извршат тешки злосторства и ги ослободат заложниците“.

Во мировниот план е предвидено и формирање на 10-километарска тампон-зона на руско-украинската државна граница.

Предвидено е „евакуација на незаконски вооружените групи, создавање на коридор за повлекување на руските и украинските платеници и разоружување“. Според предлогот на Порошенко треба да бидат ослободени „незаконско заземените административни згради во Доњецката и во Луганската Област“, како и да се воспостави „локалната власт и да се обнови емитувањето на централната телевизија и радио во Доњецката и во Луганската Област“.

Документот содржи и чекори за „децентрализација на власта (преку избор на извршни комитети, заштита на рускиот јазик и предлог за измени на Уставот).

– Кандидатурите на раководителите во регионалната држвна администрација ќе се усогласуваат со претставниците на Донбас, се истакнува во предлогот на Порошенко.

Планот предвидува и „спроведување на предвремени локални и парламентарни избори“, какои „програма за создавање на работни места во регоионот и изградба на индустриски објекти и инфраструктура“.

Кремљ предлогот на украинскиот претседател за едностран прекин на огнот го оцени како  ултиматум, додавајќи оти во него нема понуда за почеток на разговори со сепаратистите во источна Украина.

Според нив планот на Порошенко е соопштен „со намера или случајно“ во момент кога украинските сили пукаат врз руска територија во близина на границата. При што е повреден еден руски цариник.

– Според првична анализа за жал се покажува дека тоа не е покана за мир или преговори туку ултиматум… Се уште отсуствува главниот елемент – предлог за отпочнување преговори, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите