ЕУ и Канада се партнери во решавање на последиците од Ковид-19

Од:

Шефовите на дипломатија на Европска Унија и на Канада, Жозеп Борел и Франсоа Филип Шампањ денеска го потврдија стратешкото партнерство и укажаа на интензивната соработка помеѓу Брисел и Отава во решавање на политичките, здравствени и економски последици од пандемијата со Ковид-19.

– Канада и ЕУ ја нагласуваат вредноста на билатералната и мултилатералната соработка во момент кога сите се соочуваме со невидени предизвици за јавното здравје и економијата. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме да најдеме излез од кризата, а потоа да продолжиме понатаму, се наведува во заедничкото соопштение на Борел и Шампањ.

Борел и Шампањ исто така наведоа дека ЕУ и Канада заедно работат на одржување на летовите помеѓу Европа и Северна Америка, што во ситуација на глобална криза и вонредни мерки им овозможува на граѓаните да се вратат дома.

– ЕУ и Канада заедно ги поддржуваат меѓународните истражувања со цел развој на вакцина, терапија и дијагностика во борба против коронавирусот, се истакнува во заедничкото соопштение.

Би можело да ве интересира

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси