ЕУ го повика Ердоган да ја врати довербата во односите со Унијата

Од:

Лидерите на европските институции денеска го повикаа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, да создаде услови за мирни односи со Европската унија (ЕУ) за време на видео состанокот на двете страни, одржан пред Европскиот самит закажан за 25 и 26 март.

„Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја истакнаа важноста од континуирано смирување (на ситуацијата) и градење доверба со цел да се овозможи попозитивна размена меѓу ЕУ и Турција“, се вели во соопштението на ЕУ.
Од своја страна, Ердоган инсистираше на „конкретни резултати“ на Европскиот самит и побара да започне „дијалог на високо ниво“, соопшти неговиот кабинет.

ЕУ смета дека треба да биде претпазлива поради промената во однесувањето на турскиот претседател по една година голема напнатост и тензии.
Ердоган на крајот на 2020 година изрази желба да ги смири тензиите со ЕУ по турските поморски активности во источниот дел на Средоземното море. Грчките и кипарските власти ги оценија тие активности како агресивни.

Во зависност од одлуките на европските лидери на претстојниот состанок, Урсула фон дер Лајен наскоро може да ја посети Анкара.
За посетата стана збор на онлајн состанок со Ердоган, но сè уште не е утврден датум.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ