ЕУ ги продолжи санкциите кон Белорусија и Северна Кореја

Од:

Европската унија денеска за уште една година го продолжи ембаргото за испорака на оружје и останатите санкции кон Белорусија, откако заклучи дека земјата не постигнала доволен напредок за нивно укинување.

Истовремено, ЕУ воведе и дополнителни санкции кон Северна Кореја поради нуклеарните и балистичките ракетни тестирања што ги изврши земјата.

Покрај ембаргото за оружје, членките на ЕУ ги задржаа и мерките за замрзнување на имотот и забраната за патување за четири лица, кои се сомничат за поврзаност со исчезнувањето на двајца белоруски опозициски лидери, на еден бизнисмен и новинар.

ЕУ минатата година укина дел од претходно воведените санкции кон Белорусија, но Унијата од тогаш изрази загриженост поради продолжувањето на примената на смртната казна во земјата, како и поради другите политички случувања.

Кога станува збор за воведување на дополнителни санкции кон Северна Кореја, Унијата ја донесе оваа одлука во време кога Пјонгјанг е во центарот на вниманието на меѓународната заедница, откако на аеродромот во Куала Лампур беше убиени полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-унм Ким Џонг-нам.

Европскиот совет соопшти дека новите мерки кон Пјонгјанг вклучуваат органичувања за трговија со јаглен и руда, како и забрана за увоз на бакар, никел, сребро и цинк од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови