ОН и ЕУ ги повикаа Италија и Малта да го прифатат блокираниот брод со над 600 мигранти

Од:

Високиот комесаријат на ОН за бегакци (УНХЦР) и Европската унија денеска ги повикаа Малта и Италија да му дозволат на бродот „Аквариус“, на кој се наоѓаат повеќе од 600 мигранти, да вплови во нивните пристаништа.

Бродот „Аквариус“, кој е изнајмен од француска невладина организација „СОС Медитеране“, во саботата од водите на Средозменото Море близу бреговите на Либија спаси 629 мигранти, меѓу кои има и седум трудници, 11 мали деца и 123 малолетници. Од тогаш бродот плови помеѓу Италија и Малта, затоа што ниту една од двете земји не му дозволува влез во нејзините пристаништа.

УНХЦР во својата реакција предупредува дека станува збор за „вонредно итна хуманитрана состојба“ и побара од владите во Рим и Ла Валета да дозволат „итно спасување на неколкуте стотини лица, кои од саботата се блокирани во Средоземното Море“.

– Луѓето страдаат, се соочуваат со недостиг на основни намирници и неопходна им е итна помош. Расправиите за тоа кој е одговорен и како треба да биде споделена одговорноста земјите требе да ги остават за подоцна, изјави специјалниот пратеник на УНХЦР за Медитеранот, Венсан Коштел.

Европската комисија, пак, апелираше за итно решавање на состојбата, повикувајќи ги сите заинтересирани страни да најдат решение за проблемот, за да можат „луѓето од „Аквариус“ безбедно да стигнат на копно во најбрзо можно време“.

Германија исто така побара Италија и Малта да ги прифатат мигрантите, апелирајќи до нив да „го исполнат својот хуманитарен долг“.

Малта одби да дозволи пристап до нејзина територија на „Аквариус“, отако Италија реши да му забрани на бродот да вплови во некое од пристаништата на Сицилија, каде има центри за прием на мигрантите. Поради ова Малта ја обвинува Италија дека ги прекршува меѓународните нормни и создава опасна состојба за сите.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он