ЕУ едногласно ја усвои стратегијата за преговорите со Британија за Брегзит

Од:

Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани денеска во Брисел на вонреден Самит, едногласно ја прифатија заедничката стратегија за преговорите со Велика Британија за Брегзит.

На европските лидери им биле потребни помалку од 15 минути за да се согласат за распоредот на прашањата на кои инсистира ЕУ за претстојните преговори.

Првично, тие требаше да почнат во средината на мај, по изборот на нов претседател на Франција, но сега се одложени за по завршувањето на предвремените парламентарни избори во Британија.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на својата интернет страница изрази задоволство од покажаното единство.

„Европските преговарачи сега имаат јасен и прецизен мандат за преговорите“, напиша Туск.

Пред почетокот на денешниот Самит тој инсистираше дека за ЕУ сега е најважно да се манифестира единството на сите 27 земји-членки.

Во писмото што Туск претходно им го испрати на сите членки, се вели дека прашањето на луѓето (статусот на Европејците во Британија и на Британците во ЕУ), парите (договорот за износот што Британија треба да и го плати на Унијата) како и прашањето на Ирска (границата меѓу Републиката и Северна Ирска) – се работите кои први мора да се разрешат во преговорите со Лондон.

Британија сака преговорите за овие прашања да течат паралелно со преговорите за идните британско-европски односи, но сите други во ЕУ се против таквиот начин на преговарањето.

Германија и Австрија веќе и порачаа на владата во Лондон дека за идните односи и за склучување договор за слободна трговија ќе може да се преговара дури откако се разрешат првите три прашања, наброени од Туск.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски