ЕУ дава 40 милиони евра за вакцинација во источна Европа

Од:

Европската унија, во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО), почна нова програма во вредност од 40 милиони евра, со цел да се обезбеди безбедна и ефикасна вакцинација во шест земји од таканареченото Источно партнерство.

Програмата е со цел да ја зајакне подготвеноста за ефикасен прием и давање вакцини во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Претставници на ЕК информираат дека програмата вклучува логистичка поддршка за управување со синџирот на снабдување со вакцини, обука на здравствени менаџери и медицински персонал, управување со податоците за вакцинација и надзор на безбедноста на вакцините.

– Со оваа нова програма ЕУ се обврзува да ги поддржува нашите источни партнери во борбата против здравствената криза. Заедничката соработка исто така ќе ни овозможи да работиме брзо на одржливо социјално-економско закрепнување во регионот, изјави еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји.

Дипломати во Брисел додаваат дека програмата доаѓа со фонд од милијарда евра помош што ЕУ досега ја мобилизира за справување со здравствената пандемија и поддршка на долгорочно социјално-економско закрепнување на регионот на источна Европа.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски