ЕУ би можела да го замрзне правото на глас на Полска

Од:

Европската унија би можела да донесе одлука за замрзнување на правото на глас на Полска, доколку земјата не ја промени својата политика и не го почитува владеењето на правото, изјави потпретседателот на Еврокомисијата, Јурки Катаинен.

– Не можеме да правиме компромис со владеењето на правото. Тој принцип или се почитува или не. Ако не го почитувате, тогаш Европа не може да молчи, изјави Катаинен, кој е поранешен фински премиер.

Според Катаинен, полската Влада со својата политика ја води земјата кон тоталитаризам и се доближива до границите на толеранција на ЕУ.

– ЕУ може да покаже флексибилност во некои области, како фискалната политика, но почитувањето на владеењето на правото неможе да биде тема на преговори, рече Катаинен.

Тој изјави дека се надева оти гермнанската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во посета на Варшава, ќе успее да го убеди лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински и останатите полски лидери „да ги почитуваат основните вредности на кои се изградени ЕУ и цела Европа“.

На Полска би можело да и биде одземено правото на глас доколку за тоа согласност дадат сите 27 останати членки на ЕУ, но Унгарија, чија конзервативна Влада често го обвинува Брисел за мешеање во внатрешните работи на земјата, веќе најави дека ќе стави вето на евентуален ваков предлог.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1