ЕУ бара санкции за Белорусија, опозицијата бара помош од Меркел

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска побараа воведување санкции за Белорусија, со цел да се изврши притисок врз претседателот Александар Лукашенко за одржување нови избори, откако опозицијата во таа земја побара помош од германската канцеларка Ангела Меркел.

Министрите на ЕУ размислуваат да воведат забрана за патување и замрзнување на имотот за 20 лица, што тие сметаат дека се одговорни за пресметката со демонстрантите, две недели по изборите во Белорусија, за кои опозицијата тврди дека се фалсификувани.

– Најавата за санкции не доведе до никаква промена во однесувањето во Белорусија, им рече на новинарите германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, осврнувајќи се на заканите за санкции од владите на ЕУ по спорните избори на 9 август.

Романскиот министер за надворешни работи, Богдан Ауреску, рече дека треба да се изречат санкции за функционерите кои помогнале во местење на изборите, за оние што наредија пресметка и оние кои се обвинети за насилство врз демонстрантите.

Шефот на европската дипломатија, кој претседава со средбата во Берлин, рече дека разговорот ќе биде важен затоа што ќе се разговара за „нивото на санкциите“, како и за тоа кој би бил предмет на санкции.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија