ЕУ бара од Северна Кореја да не води нуклеарни тестови

Од:

Одлуката да се истрела ракета над Јапонија од страна на властите во Северна Кореја е неодговорен и намерно провокативен чин, оценија во дипломатската служба на ЕУ.

Критиките на ЕУ доаѓаат откако Пјонгјанг вчера истрела ракета врз Јапонија, неколку дена по воените вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија. Се смета дека оваа одлука на севернокорејскиот режим има за цел да ја покаже силата на Пјонгјанг кој сака да се наметне како нуклеарна сила во регионот.

Европската Унија, преку дипломатската служба, порача дека Северна Кореја мора да стави крај на истрелувањето ракети и да се воздржи од нуклеарни тестирања, наместо тоа да се сврти кон дијалог со Јужна Кореја, САД и меѓународната заедница.

-Критично е сега Советот за безбедност на ОН да одговори соодветно на оваа растечка закана за меѓународниот и регионалниот мир и стабилност пред акциите на Северна Кореја да ги зголемат дополнително воените тензии во регионот, стои во ставот на дипломатската служба на ЕУ институциите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он