ЕУ бара од Британија да ја објасни програмата за шпионажа

Од:

Европската комисија денес од шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг побара до крајот на неделава да достави одговори во врска со извештаите, за тоа дека британските служби имаат увид во интернет пораките низ светот.

-Пратив писмо за да ја изразам загриженоста-изјави комесарката за правосудство на ЕУ, Вивијан Рединг.

Таа бара да се објасни дали податоците остануваат во Британија или им се предаваат на другите држави и дали шпионирањето е ограничено на поединечни случаи.

Тврдењето дека седиштето на британската влада за комуникации, обработува голема количина лични информации, вклучувајќи ги и постовите од социјалните мрежи, електронската пошта, интернет пребарувањата и поканите и дека ги делат со американскиот партнер НСА, минатата дела ги објави „Гардијан“, повикувајќи се на документите кои што ги обелодени Едвард Сноуден.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он