ЕУ бара Хамас да се врати на листата на терористички организации

Од:

Европска Унија и понатаму ја смета Хамас за терористичка организација и планира да ја обжали одлуката на Општиот суд на ЕУ да се отстрани од црната листа, соопшти денеска Европската комисија.

Комисијата во соопштението наведува дека одлуката на судот е правна и оти не станува збор за политичка одлука која се однесува на владата на Унијата. Таа додаде дека ЕУ во догледно време ќе преземе „соодветни корективни мерки, вклучувајќи и можна жалба“.

Европскиот суд денеска одговори на жалбата на Хамас и заклучи дека палестинската група треба да се отстрани од листата на ЕУ на терористички организации, но наведе дека одлуката е донесена од процедурални причини, а не врз основа на суштинско проценување на дејствувањето на Хамас.

Судот ги остави замрзнати имотите на членовите на Хамас во следните три месеци, кога повторно ќе се разгледува одлуката.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по одлуката, побара од ЕУ „веднаш“ да се врати Хамас на листата на терористички организации.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски