Естонија не му верува целосно на НАТО во случај на напад

Од:

Естонскиот министер за внатрешни работи Март Хелме денеска изјави дека неговата земја не е целосно уверена дека НАТО би ја одбранил во случај на напад од Русија.

Хелме во вчерашната изјава за финските медиуми истакна дека Естонија работи на „план Б“ за територијална одбрана заедно со другите балтички земји и Финска. Планот предвидува посилна соработка со Германија и со САД.

Хелме е член на екстремната десница, партијата Екре, која е дел од владејачката коалиција.

Коментарите на естонскиот министер доаѓаат неколку недели откако францускиот претседател, Емануел Макрон, отворено го доведе во прашањето членот пет на повелбата на НАТО, членот што ја гарантира солидарноста меѓу земјите сојузнички на Алијансата во случај на напад врз една или повеќе од земјите членки.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел денеска ќе одржат седница на Северноатлантскиот совет.

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Хачинсон, вчера изјави дека за Вашингтон членот пет останува темел на Алијансата и дека не е доведен во прашање. Таа додаде дека нејзината земја не се согласува со ставот на Франција.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО