Еспер: САД со план да останат со „помалку од 5.000“ војници во Авганистан

Од:

САД планираат да го намалат своето воено присуство во Авганистан на „помалку од 5.000“ до крајот на ноември, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер во интервју за „Фокс њуз“.

Контигентот на САД во Авганистан во моментот е околу 8.600 војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно дека САД планираат да ја намалат својата војска во Авганистан на околу 4.000.

На 29 февруари САД и талибанците потпишаа мировен договор во Доха. Според договорот, САД и сојузниците и меѓународната коалиција ќе ги повлечат сите трупи од Авганистан во рок од 14 месеци. Талибанците, од своја страна, гарантираат дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и сојузниците.

До почетокот на меѓуавганистанските разговори за постојан и сеопфатен прекин на огнот, до 5.000 приврзаници на талибанците и до 1.000 лица што се држат како затвореници треба да бидат ослободени како мерка за градење доверба.

Би можело да ве интересира

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

А1он

Трамп му честиташе на Мерц за изборната победа: Граѓаните се уморни од агендата без здрав разум

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај