Еспер: Нема да го отстапиме Тихоокеанскиот регион на Кина

Од:

САД имаат обврска да играат главна улога во Тихоокеанскиот регион и „да не отстапат ниту инч“ на другите земји кои мислат дека нивниот политички систем е подобар, изјави Марк Еспер, американски министер за одбрана.

Во текот на својата посета на Хаваи синоќа, Еспер укажа дека САД имаат намера да работат со Кина, за да ја убедат да го почитува меѓународниот поредок заснован на правила на игра, и покрај тоа што Пекинг повеќепати ги погазил своите ветувања и спроведува агресивна модернизација на вооружените сили.

-Соединетите Држави имаат обврска да играт главна улога. Ние сме тихоокеанска земја, индо-океанска земја, доволно долго време, кажа тој.

-Немаме намера да го предадеме тој регион, ниту инч земја, ако сакате – на друга земја, која било друга земја, која смета дека нивната форма на власт, нивните погледи на човековите права, на суверенитетот, на слободата на изразување, на слободна вероисповест, слобода на собирање, дека сето тоа е подобро од она што ние го споделуваме, изјави шефот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак