Ескалација на тензиите: Трамп потврди дека американски бродови се упатени кон Иран

Од:

Голем конвој американски војници се упатува кон Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ враќајќи се во Вашингтон од Давос.

Тој нагласи дека би претпочитал да не ги користи бродовите за напад врз земјата поради зголемените тензии по бранот протести.

„Имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај. Имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема сила што оди кон Иран“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“.

Се очекува ударната група на американскиот носач на авиони, да пристигне на Блискиот Исток во наредните денови.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

„Волстрит џурнал“: Иран не побара одложување на нападите врз енергетската инфраструктура

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Убиени се деца во најновиот напад на САД и Израел врз централен Иран