Ерусалим подготвува скулптура од мраз на Барак Обама

Од:

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Општина Ерусалим се подготвуваат за првата посета на Израел на американскиот претседател Барак Обама, што е закажана за 20 март.

Израелските медиуми најавуваат дека посебно внимание ќе им обрнат на стотината новинари за кои се очекува дека ќе ја следат претседателската посета наречена „Нескршливо сојузништво“.

На иницијатива на градоначалникот Нира Баркат, на новинарите ќе им биде претставена „другата страна“ на градот и тие ќе ги посетат главните историски места, како што се Давидовиот град и тунелите на Западниот ѕид (Ѕидот на плачот), а ќе ја посетат и музејската изложба за кралот Ирод и Градот од мраз, каде ќе има и скулптура од мраз на Обама.

Планирана е посебна посета на ерусалимските ноќни клубови и пазарот Механе Јахуда.

Обама откако е претседател на САД не бил во Израел, а израелските медиуми јавија дека тој ќе биде придружуван од новиот американски државен секретар Џон Кери.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа