Вулкан еруптираше на оддалечениот остров Суваносеџима во југозападна Јапонија, соопшти владата во неделата наутро.
Не е потврдена штета поради ерупцијата, јавува јапонската медиумска компанија NHK, повикувајќи се на локалната полициска станица во префектурата Кагошима, пишува Reuters.
Владата подоцна издаде трето ниво на тревога за вулкан, од можни пет, за Суванесеџима, ограничувајќи го влезот во опасните области околу вулканот.