Еруптира вулкан во Индонезија

Од:

Вулкан еруптира во Источна Индонезија, исфрлувајќи пепел во воздухот на височина од најмалку два километри, изјави претставник на локалната служба за управување со катастрофи.

Жителите се советувани да не се приближуваат до најмалку 2,5 километри од вулканот Локон во провинцијата Северно Сулавези, изјави портпаролот на Националната служба за управување со катастрофи.

Засега не е наложена евакуација на населението.

Вулканот висок 1.578 метри неколку пати исфрли пепел од јануари. Тој е со висок степен на опасност од јули, кога почна да покажува се поголема активност.

Во Индонезија има околу 500 вулкани, од кои 128 се класифицирани како активни, а 58 како опасни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога