Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија

Од:

Вулканот Синабунг во Индонезија денеска еруптираше, испуштајќи пепел во висина од 5.000 метри.

Иако околните села се прекриени со пепел, никој не е евакуиран, ниту е соопштено дека ерупцијата ги нарушила летовите во провинцијата Северна Суматра, каде што се наоѓа вулканот.

Планината Синабунг, висока 2.600 метри, не беше активна четири века, сè до ерупцијата во 2010 година, во која починаа две лица.

Во ерупцијата во 2014 година загинаа 17 лица, а седуммина загинаа во ерупцијата во 2016 година.

Ова е еден од двата активни вулкани во Индонезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога